Млад кумановец загина, а друг е повреден во сообраќајка на „Тоде Думба“

13.01.2022 10:30 | Сузана Николиќ

Едно лице загина, а друго е повредено во тешка сообраќајна несреќа во Куманово. 

Млад кумановец загина, а друг е повреден во сообраќајка на „Тоде Думба“

Сообраќајката се случила во 2.36 часот по полноќ на улицата „Тоде Думба“, кога патничко моторно возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки во кое се превезувале П.П.(26) и Н.С.(29) удрило во ограда и паркирано возило. 

„На местото на несреќата починал П.П, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Н.С. се здобил со повреди констирани во Општа болница“, соопшти СВР Куманово.
 

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата, по што ќе се знае причината за несреќата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk