Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановскиот гитарист Младен Протиќ настапи на концертот на познатиот актер Раде Шербеџија.
Концертот се одржа во Ресен по повод Меѓународниот театарски фестивал „ Актерот на Европа„, проект од меѓугранична соработка на Македонија, Грција и Албанија.
На манифестацијата беше врачена наградата актер на Европа на Раде Шербеџија, по што актерот одржа целовечерен концерт во придружба на нашиот сограѓанин Младен Протиќ, на класична гитара.
Концертот траеше повеќе од час и половина и наиде на одличен прием кај публиката. Шербеџија е одличен уметник и шоумен. Нашата соработка започна преку нашиот заеднички пријател Нино Величковски и се договоривме да продолжи и понатаму. Наредната година ќе одржиме концерт во Париз,- изјави Протиќ.
Протиќ пред публиката се преставил и самостојно со неколку негови композиции.На манифетацијата се одржаа театарски претстави од повеќе европски држави.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk