Млади претприемачи ќе разменуваат искуства преку сајт

12.12.2014 11:41 | KumanovoNews

Млади претприемачи ќе разменуваат искуства за својата работа преку веб сај, кој наскоро ќе го изработи ново формираната мрежа на претприемачи, информираат од општина Старо Нагоричане.

Млади претприемачи ќе разменуваат искуства преку сајт

За таа цел, консултантска куќа Евро центар одржа предвање на членовите невладината организација “Млади за млади“ од Старо Нагоричане, а присуствуваше и градоначалникот Милован Стојуковски.

“Имаше петнаесетина учесници на предавањето. На младите им беше објаснето кои се проблемите со кои се соочуваат младите претпремачи, финансиска конструкција, административни потешкотии со институциите, колку има жени, а колку мажи претприемачи“ - вели Давор Арсиќ, портпарол на општина Старо Нагоричане.

На веб  сајтот кој наскоро ќе биде функционален,  претприемачите ќе споделат искуства со каков бизнис се занимаваат, со цел кај младите да се поттикне претпримачкиот дух.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk