Младински сојуз Крушево со работилница во Куманово

18.09.2015 09:48 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко  Прокопиев“ утре во 11 часот, ќе започне третата  едукативна работилница од проектот “е-ангажман“ организирана од страна на Младински сојуз  Крушево со поддршка на фондацијата е‐ Македонија.

Младински сојуз Крушево со работилница во Куманово

На работилницата ќе учествуваат сто млади луѓе од Куманово. Проектот има за задача да ги промовира предностите и придобивките од информатичките и комуникациските технологии помеѓу младите луѓе со посебен акцент на агажманот во информатичкото општество. Младите ќе се учат да најдат информации, да формираат мислење, да ги изразат своите сопствени ставови како и да придонесат за позитивни промени во општеството без разлика дали дејствуваат во нивно лично име,

преку училиште или преку одредена младинска група. На конференцијата ќе земат збор многу активни млади луѓе кои ќе се обидат да ги мотивираат младите да земат поголемо дигитално учество во општеството.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk