Младите акцијаши во посета на Советот

24.03.2016 14:39 | KumanovoNews

 Во рамките на тренинг процесот предвиден за младите волонтери членови на здружението за доброволна волонтерска работа “Кумановски акцијаши“, денеска беа примени од претседавачот на Советот на општината Куманово Максим Димитриевски.

Младите акцијаши во посета на Советот

Младите акцијаши се запознаа со начинот на организирање и функционирање на Советот на општината како и работата на претседавачот.

Задоволството од ова средба беше обострана, г-нот Димитриевски ја поздрави ова програма за едукација на млади волонтери и искажа целосна подршка за активностите кои нашето здружение ги превзима од самиот почеток на неговот формирање, како и интензивната соработка на Советот со здружението. Секако оваа средба е прва од низата предвидени за наредниот период каде што младите волонтери ќе се запознаат со низа други институции како од локална, регионална и меѓународна заедница,што секако е дел од тренинг процесот на идните волонтери без граници, - велат Кумановски акцијаши.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk