Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Студенти и средношколци, заедно со преставници на локалната власт и политичките партии од Куманово денеска присуствуваа на локалниот младински форум, кој е дел од Националниот младински совет на Македонија.
Целта на локалниот младински форум е промовирање и актуелизирање на младинските прашања, проблеми и приоритети на младите.
„На денешната средба се разгледуваа решенија за проблемите на младите, за релевантните претставници на институциите да понудат решение за нив,- изјави Александра Тасиќ локален координатор од Центарот за рурален развој Бујрум Куманово.
Младите од Куманово бараат организирање на повеќе културни и спортски манифестации, но и за оние кои веќе се реализираат бараат да бидат прашани.
Денешната активност е дел од проектот „Избори се“ на локалниот младински форум како дел од Националниот младински совет на Македонија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk