Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младите зборуваа за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат на трибината насловена како “Од млади за млади - младите за локални прашања“, организирана од Национален младински совет.
Досега се покажало дека младите најмногу ги засега вработувањето, неформалното образование, подобрување на односите во мултиетничките средини и слично.
Низ целата држава правиме трибини со младинските организации и млади и дискутираме за тоа кои им се потребите и прашањата на кои сакаат да работат и за нив да ги консултираме релевантните институции. Центар за меѓукултурен дијалог Куманово е иницијатор за креирање на Национален младински совет и моментално е домаќин на регионалната канцеларија за североисточен регион - изјави Ивана Давидовска, претседател на Национален младински совет.
Целта е организациите знаејќи ги проблемите на младите да го подобрат нивниот општествен живот.
Опфатени се повеќе градови во Македонија и на тој начин сакаме сите разнолики групи на млади да ги опфатиме. Потребите на младите генерално се подобро застапување пред институциите на системот. Младите сакаат и бараат да бидат дел од процесите на донесување на одлуки во оваа земја - рече Александра Вучковска, генерален секретар на Национален младински совет.
Со овие трибини се опфатени младите во Битола, Штип, Куманово, Струга, Кичево и Тетово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk