Младите го прославија Денот на ЕУ

13.05.2011 12:58 | KumanovoNews

На градскиот плоштад во Куманово учениците од основните и средните училишта и младинските невладини организации денеска цртаа, пееа, играа и се забавуваа во чест на Денот на Европа.

Младите го прославија Денот на ЕУ

"Задоволни сме од одзивот на учениците и младите. Атмосферата е прекрасна, младите навистина ја покажаа својата креативност и оригиналност.Тие со повеќе активности се вклучија,во одбележувањето на неделата цртаа графити ,организираа квиз на знаење на тема ЕУ,поделба на пропаганден материјал и изведба на музички точки"- рече Андријана Колевска  од ЕУ  инфо -точка од Куманово.
 

На плоштадот имаше и штандови на кои посетителите можеа да се информираат за одредени проекти и  како функционира системот во ЕУ, додека други цртаа на плочникот и сликаа.

"На нашиот штанд имаше огромен број на посетители. Се гледа дека  младите од Куманово се чуствуваат како дел од Европа и активно ги следат програмите што ги финасира Европската Унија.Нашата цел е всушност преку повеќе проекти на кои работиме да го претставиме мултикултурализмот , што е и основната идеја за формирање и постоење на големото европско семејство" изјави Ивана Давидовска  од "Мулти-Култи".
 

Во програмата учествуваа ученици од Музичко Училиште “Панче Пешев”, “Вук Караџиќ” гимназија “Гоце Делчев”, “Перо Наков”,“Магдалена Антова” и на крај рок ѕвездата Дани Димитровска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk