Младите и општината во заедничка акција за уредување на адреналински парк (видео)

26.08.2021 11:05 | Сузана Николиќ

Општина Куманово одреди локација за изградба на парк за адреналински спортови, кој ќе биде дел од комплексот покрај Спортската сала во Куманово. Иницијативата за изградба на скејт парк во градот е на невладината младинска организација „Скејтленд“, која работи на збогатување на културниот и спортскиот живот во градот. 

Младите и општината во заедничка акција за уредување на адреналински парк (видео)

Координаторот на проектот Ненад Бојковски, вели дека одлуката произлегла од анкетата која што беше спроведена меѓу младите, а добиле поддршка од Општина Куманово.

„Имавме разговор со надлежните во Секторот за урбанизам, кои ни обезбедија локација да се направи адреналински парк, во чиј состав ќе биде скејт парк, трака и ѕид за искачување. Имаат слух за оваа работа и сакаат да помогнат. Со поддршка од општината и други заинтересирани за оваа идеја се надеваме дека во скоро време ќе започнеме со нејзина реализација “, вели Бојковски.

Тој додава дека во тек е изработка е 3Д модел на скејт паркот и наредниот месец ќе го презентираат пред граѓаните. Потоа ќе се обидат да обезбедат средства за реализација на проектот од буџетот на Општината , а ќе бараат донации и од странските фондови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk