Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Средношколците од здравствената струка од “Наце Буѓони“, ги посетија основните училишта во Куманово, каде организираа предавања за основците на здравствени актуелни теми.
При тоа ги едуцираа учениците како да укажуваат прва помош, да не потпаднат под влијание на луѓе кои користат наркотични дроги, здравиот начин на исхрана и користење на контрацепција.
“Ова е проект од лани, кој оваа година го продолжуваме. Во првото полугодие учениците се подготвуваат, а во второто ги реализираат предавањата на теми кои се многу корисни за учениците. Да знаат причини, последици, како да укажат прва помош ако на некој му се слоши“ - вели Ленче Горшевска Ангеловиќ, професор по здравствена струка предмети во “Наце Буѓони“.
Предавањата беа наменети за учениците од дветите одделенија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk