Младите на ДПСМ на форум за млади лидери

09.12.2010 10:00 | KumanovoNews

 Представници на младите на Демократската партија на Србите во Македонија, учествуваа на  Форум посветен на политичкиот дијалог  на младите, а насловен како „Одговорно лидерство - како да станете подобар лидер.

Младите на ДПСМ на форум за млади лидери

 Лидерство во политиката и лидерство во економијата“.Форумот беше поделен на три дела и се  одржа во Хотелот Арка во Скопје во организација на институтот ОХРИД каде што земаа учество младинските организации од сите политички партии во Македонија.

По завршувањето на дијалогот претседателот и заменик претседател на Младите на Демократската партија на Србите во Македонија, Далибор Китановиќ и Бојан Аврамовиќ беа примени во резиденцијата на заменик амбасадорот на Соединетите Американски Држави.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk