Младите на ДПСМ одржаа редовна седница

16.12.2014 14:06 | KumanovoNews

Младите од Демократската партија на Србите во Македонија, викендов одржаа седница на Главниот одбор во проширен состав, на која присуствуваа и членовите на највисокото централно раководство, председателот на ДПСМ, Иван Стоиљковиќ и градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Милован Стојковски.

Младите на ДПСМ одржаа редовна седница

На седницата била донесена одлука за започнување на процедура за одржување на редовна конференција на Форумот на млади, а биле представени и проектите во општината Старо Нагорилане, каде ДПСМ е на власт.

“Од претседателот на партијата и градоначалникот беа презентирани проектите кои се реализирани или се во фаза на реализација во Старо Нагоричане, како реставрирањето на црквата „Св. Ѓорѓи“, новоизградениот плоштад, новоотворениот Младински центар и други. Со што како што истакнаа, локалната самоуправа во Старо Нагоричане се вбројува меѓу најуспешните општини во поглед на реализација на големи инфраструктурни објекти“ - рече Далибор Китановиќ, претседател на младите од ДПСМ.

Бидејќи седницата се одржа во Општината Старо Нагоричане, младите ги посетиле културно - историските знаменитости во општината.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk