Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Уште два дена имаат младите од општините Куманово, Кисела Вода, Аеродром, Карпош, Чаир, Прилеп и да го дадат нивниот предлог за зелени општини, потсетува Здружението „Гоу Грин“.
Предлозите можат да се поднесат на линкот кој може да се најде на веб-страната и на профилите на „Гоу Грин“ на социјалните мрежи.
Како што информираат од таму, предлозите подоцна ќе бидат евалуирани и рангирани според тоа дали истите ќе може еден градоначалник да ги спроведе. Предлозите кои ќе бидат избрани ќе се достават до кандидатите и кандидатките градоначалници на наведените општини, со цел да ги прифатат во нивната програма.
За таа цел, „Гоу Грин“ склучи и меморандум за соработка со неколку младински подмладоци на политичките партии, односно со СДММ, УМС, МОДОМ, ДУИ-Чаир, БЕСА и Алтернатива.
За тоа што претставува една зелена општина и кои се надлежностите на градоначалниците, граѓаните можат да се информираат во брошурата „Екоактивизам за зелени општини“, која исто така се наоѓа на веб страницата на здружението.
Процесот се спроведува од „Гоу Грин“ во рамки на проектот „Младински дигитален екоактивизам за зелени општини“, кој има за цел активно да ги вклучи младите во демократските процеси, односно претстојните локални избори.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk