Младите на ЛДП ќе бираат ново раководство

09.03.2010 14:54 | KumanovoNews

Либерално демократската младина на Куманово утре ќе го одржи шестото редовно собрание, на кое се бира ново општинско раководство.

Младите на ЛДП ќе бираат ново раководство

  Планираме токму преку ЛИДЕМ да се доближат ставовите , идеите и размислувањата на ЛДП до помладите граѓани на Куманово и Македонија, бидејќи младите ги сметаме за носители на идејата за европска Македонија. Младите се тие кои треба да покажат дека во државата има вистинска алтернатива на црно-белиот политички свет, да се покаже дека немора да се гласа за едните само затоа што другите се полоши од предходните- вели Филип Јаневиќ, член на ЛИДЕМ.

Младоте сметаат дека преку формирање на новото раководство ќе се покаже дека нивната идеја има приврзаници и има капацитет да прерасне во двигател на македонското политичко општество.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk