Младите на ВМРО-ДПМНЕ ќе добијат нов претседател

03.06.2014 12:56 | KumanovoNews

ВМРО - ДПМНЕ објави повик за кандидирање на претседател на Унија на млади сили во Куманово.

Младите на ВМРО-ДПМНЕ ќе добијат нов претседател

До 23 јуни заинтересираните членови  треба да достават апликација до седиштето на партијата во Скопје.

  - Сите посветени, трудољубиви, чесни и одговорни членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово нека се пронајдат себеси во овој конкурс и нека одговорат навремено со поднесување на апликација на истиот. Време е нова енергија да го продолжи, надмине патот на успехот на генерацијата која го водеше со успех УМС во изминатиот период, - изјави Срѓан Ивановски, претседател на УМС на ВМРО - ДПМНЕ Куманово.

Во партското соопштение се вели дека по разгледување на биографијата ќе следи разговор со кандидатите и врз основа на успехот во минатото и визијата за иднината ќе се избере идниот претседател на УМС.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk