Младите на ВМРО-ДПМНЕ го славеа „Денот на лагата„

15.09.2010 13:37 | KumanovoNews

Унијата на млади сила на на ВМРО-ДПМНЕ Куманово,денеска пред споменикот на Батко Ѓорѓија го одбележа 15-ти септември, како неофицијален празник Ден на лагата во Република Македонија.

   
Младите на ВМРО-ДПМНЕ го славеа „Денот на лагата„

Сакаме да му се заблагодариме на инспираторот на овој неофицијален празник, Бранко Црвенковски, кој со своето однесување не потсетува на Батко Ѓорѓија и да ги потсетиме нашите сограѓани за неговиот голем придонес кон именувањето на 15-ти септември како Ден на лагата. Имено, на 15 септември, од страна на Бранко Црвенковски беа дадени најголемите лажни и неостварени ветувања и тоа: по едно вработување во секое семејство, што стана веќе култна лага, искоренување на криминалот и корупцијата, изградба на корисорите 8 и 10, изградба на железничка пруга кон Р. Бугарија и изградба на магистралниот пат Велес – Прилеп- рече претседателот Бране Петрушевски.

Од Унијата потенцираа дека во време на владењето на  Црвеновски се зголемила невработеноста, во приватизација биле  проневерени и изнесени 4 600 000 евра беа, уништени фабрики и комбинати со десетици илјади стечајци и измамени илјадници граѓани во аферите ТАТ, Лавци, Либерти, Македонија реклам, Алфа-с.

    
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk