Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младите не ја препознаваат тенката граница помеѓу говорот на омраза и слободата на изразување. Понекогаш зборот може да предизвика далекусежни последици кои се трагични, посебно за една млада личност, каков што беше случајот во нашето соседство, беше посочено на работилницата за препознавање и спротивставување на говорот на омраза, под мотото „Еднаквост за сите“ , што се одржа во Мулти Култи центарот со присуство на млади, главно средношколци од Куманово и Крива Паланка.
Настанот е организиран по повод Светскиот ден против говор на омраза од Европска куќа Крива Паланка.
Месец јуни и тематски е посветен на борбата против секаков вид на дикриминација, односно дискриминација на разноликоста по верска припадност, боја, раса и сите други видови на ориентација.
„Работилницата е посветена на заштита на човековите права и младите во борба против говорот на омраза. Сакаме да ги научиме младите да препознаат што е говор на омраза и да направат разлика помеѓу слободата на изразување и говорот на омраза, каде завршува едното, а почнува другото. Секако и како да реагираат, да не ја игнорираат оваа појава и да се спротивстават на секој говор на омраза“, посочи Благородна Пешевска од Европска куќа Крива Паланка.
Настанот како што велат, се организира бидејќи општеството се соочува со невидени размери на говор на омраза, кога понекогаш зборот може да предизвика далекусежни последици кои се трагични, посебно за една млада личност, каков што беше случајот во нашето соседство. Тука се вклучува и булингот, посебно сајбер булингот кон секаков вид
на ориентација.
Конкретни официјална податоци за тоа колку младите ја знаат тенката граница меѓу слободата на говор и говор на омраза не е направена, но има доста истражувања од невладиниот сектор во Крива Паланка и Куманово. Во тие извештаи стојат поразителни резултати дека младите вклучени во фокус групи или истражувања се уште не се свесни што значи да се има право на говор и да се биде слободен во своето изразување. Кога таквото истапување може да повреди или навреди некого и да премине во говор на омраза.
„Не само младите, туку и возрасните не ја прават таа разлика. Станува нормално да се премолчуваат некои работи, но напротив, ние сакаме да се бориме против говорот на омраза и да создадеме едно општество кое ќе биде пријателски настроено кон сите , а посебно кон младите“, објаснува Пешевска.
Кон крајот на месецот ќе има музички настан на кој на поопуштен младите ќе можат неформално да разговараат на теми против дискриминацијата, говорот на омраза и се она што го научиле на работилницата,како и во секојдневните средби со други луѓе. Дотогаш е планирано и вмрежување на сите млади луѓе кои биле на овие и вакви слични
работилници.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk