Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, пресекоа црвена лента за пуштање во употреба на базенот кој со години се гради и уште не е завршен.
По повод 1 април - Денот на шегата, младите од ВМРО-ДПМНЕ денеска направија пародија за неизградениот Затворен градски базен и го потсетија Дамјановски што им ветил на граѓаните.
Со свечено отварање на базенот, сакаме да го потсетиме градоначалникот и неговите блиски од партијата дека базенот требаше да биде готов уште пред неколку години, а сеуште сме сведоци дека уште неколку години ќе треба да почекаат кумановчани на негово официјално и свечено отварање. Градоначалникот треба да се освести дека веќе не може да манипулира со граѓаните на Куманово и дека не се наивни како што тој мисли. За сите негови три мандати, за него и неговата партија излегуваат повеќе афери отколку проекти“- вели Марио Цветковски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.
Од УМС посочија дека во Куманово има дупки по улиците, сообраќаен хаос, а нема капитални проекти.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk