Младите од ВМРО-ДПМНЕ засадија 60 дрвца на Градскиот кеј

04.12.2022 11:06 | Оливера Пешевска

Членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на Градскиот Кеј засадија околу 60 садници на нискостеблести, декоративни грмушки, листопадни и зимзелени дрва.

Младите од ВМРО-ДПМНЕ засадија 60 дрвца на Градскиот кеј

Акцијата е спроведена на сопствена иницијатива и со сопствени финансиски средства, во соработка и техничка поддршка на ЈП „Чистота и зеленило“.

„Сакавме да направиме нешто убаво и корисно за Куманово, нешто што ќе биде од корист на сите граѓани.Градскиот кеј е една од ретките зелени оази во градот па сакавме да надополниме со зеленило и дрвца таму каде што недостасуваат. Иницијативата потекна од самите нас и желбата за чист воздух и почиста животна средина, сакавме Куманово да личи на модерна и средена урбана средина. Сите ќе имаат бенефит и со ваквите акции и ќе продолжиме и напролет“ изјави Дарко Живковски, портпарол на Унијата на млади сили - Куманово.

 Младите ги повикаа своите сограѓани да не ги оштетуваат младите фиданки.

„Ги замолуваме сите кумановци да не ги кршат, оштетуваат или одземаат штотуку насадените дрвца и грмушки. Ова е за доброто на сите нас. Првин поубаво и посредено е за око, а второ бенефитот што зеленилото го нуди и за физичкото здравје и за релаксација и опуштање е ненадоместливо“, истакнуваат младите од Унијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk