Младите со танц испратија порака за мир

27.09.2014 11:54 | KumanovoNews

Околу 150 млади луѓе денеска на Градскиот плоштад танцуваа флеш моб и испратија порака за мир и толеранција , со што ја одбележаа Неделата за промоција на хумани вредности.

Младите со танц испратија порака за мир

Заедно танцуваа волонтери од Црвен Крст, ученици и тинејџери.

“Има ученици од основни и средни училишта, наши волонтери, дечиња на возраст од 5 до 8 години. Во 12 часот во секоја општина во Република Македонија ќе се игра на градските плоштади и ќе се испрати порака за мир и толеранција“ - вели Филип Кузмановски, волонтер во Црвен Крст.

Присутните уживаа во настанот и велат дека ова е убав начин да се промовира мирот, толеранцијата и соживотот.

“Секако дека овој настан кој ги инволвира дечињата од најмала возраст па се до тинејџери кои волонтираат во Црвен Крст ќе ја испрати пораката за мир и толеранција за сите. Се надевам дека тоа ќе ја подигне свеста и кај возрасните. Апелирам да има повеќе вакви настани во кои ќе бидат вклучени сите“ - рече Анита Димовска, родител.

Неделата за промоција на хумани вредности Црвен Крст ја одбележува од 21 септември до денеска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk