Младите вмровци ги чистеа спомениците

09.11.2010 13:45 | KumanovoNews

  Акцијата ја започнаа на споменикот пред Центарот за култура, а најавија дека ќе продолжат и на останатите споменици што се излепени со пропаганден матерјал.

Младите вмровци ги чистеа спомениците

 Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги чистеа спомениците од излепените плакати. Со тоа сакаат да пратат порака до локалната власт подобро да се грижи за културното наследство во градот. Акцијата ја започнаа на споменикот пред Центарот за култура, а најавија дека ќе продолжат и на останатите споменици што се излепени со пропаганден матерјал.

Сведоци сме дека Споменикот на револуционерната борба во строгиот центар градот е нагрден и  излепен со плакати и нечистотија. Ако не сакаат да го исчистат оние кои е платени за тоа, тогаш младите на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе почннат со чистење на овој дел од градот и ќе го расчистиме овој метеж. Оваа наша активност е со цел да се обрне поголемо внимание на спомениците не само во централното градско подрачје, туку и на другите низ градот. Сакаме да пратиме порака дека треба да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци-изјави Јордан Пачков претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

 Од Унијата на млади велат дека тие не сакаат да учествуваат во мега проекти на градот, туку во слободното време ќе работат на чистење на спомениците, со што ќе покажат колку го почитуваат нашето минато и спомениците од НОБ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk