Многу гости за Денот на градот

08.11.2010 09:13 | KumanovoNews

Долгодишни пријатели од  збратимените градови со свои претставници ќе се придружат во одбележувањето на  491 година од постоењето на Општината и 66 години слободно Куманово.

Многу гости за Денот на градот

 Дваесетина странски општински делегации и десетина градоначалници ќе присуствуваат во Куманово на прославата на Денот на градот. Долгодишните пријателства и збратимените градови со свои претставници ќе се придружат во одбележувањето на  491 година од постоењето на Општината и 66 години слободно Куманово.

Општината Куманово е збратимена со Врање, Панчево, Лесковац, Чукарица, Бјељина, а ќе имаме и претставници на  Сараево, бидејќи таму Куманово беше примено како членка на Асоцијацијата градови носители на пораката на мир. Ќе бидат тука и двајца градоначалници од Словенија односно, од Марибор и  Словен Градец. Исто така доаѓа и градоначалникот со делегација од збратимената  Кампина од Романија, висока делегација од Општината Чорла од Република Турција, градоначалниците од Нови Сад и  Бања Лука со делегации, градоначалници на повеќе општини од државата и претсавници од дипломатскиот кор. Мислам дека добрите односи што ги воставивме со сите овие градови, само покажува колку Куманово е ценето и почитувано од секој аспект- вели секретарот на Општината Оливер Спасовски.

 Општината Куманово подготвува богата програма и спектакуларен концерт на 10 Ноември на градскиот плоштад за сите граѓани на Куманово и за гостите.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk