Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во наредните денови ќе бидеме под влијание на многу студена и влажна воздушна маса што ќе услови се постудено време со повремен снег.
Времето денеска ќе биде облачно и студено, со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој е најинтензивен во Ѓуриште во Светиниколско. Врнежите ќе бидат пообилни во претпладневните часови, особено во јужните делови. Попладне врнежите ќе ослабат насекаде. Температурата во интервал од -4 до 1 степен.
И во наредните денови ќе бидеме под влијание на многу студена и влажна воздушна маса што ќе услови се постудено време со повремен снег. Денес во текот на денот врнежите ќе се префрлат кон исток, каде што ќе бидат поинтензивни. Локални врнежи од снег ќе има и утре претежно во западните делови а краткотраен снег е можен и во ноќта кон среда претежно кон југ. До четврток кога ќе има прекин на врнежите температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Најстудено ќе биде во среда и четврток преку ноќта, кога утринската температура на места ќе се спушти и под и -10 степени. Од петок температурите релативно брзо ќе се покачуваат.
Во изминатото деноноќие во Куманово наврнаа 10 сантиметри снег, а во 9 часот измерени се -4 степени Целзиусови, сопрет информациите од РЦУК.
Висината на снежната покривка во 7 часот изнесуваше: 3 см. во Прилеп, 5 Охрид, 6 Виница, 7 Берово, Кр. Паланка, 8 Д. Капија, 9 Штип, 12 Струмица, 14 Гевгелија, 15 Скопје, Скопје Петровец, Тополчани, 16 Битола, 17 Претор, Дојран, 20 Дебар, Тетово, 25 Ѓуриште, 38 Пожаране, 41 Крушево, 51 Лазарополе, 78 см. Маврово.
Минималните температури: -11 Маврово, -9 Крушево, Ѓуриште, Пожаране, -8 Лазарополе, Дебар, -7 Тополчани, -6 Скопје Петровец, Тетово, Прилеп, Берово, Кр. Паланка, Скопје, -5 Охрид, Битола, Штип, -4 Д. Капија, Струмица, Виница, -3 Претор, Гевгелија, -2 Дојран.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk