Мобилен даночен шалтер утре во Старо Нагоричане

20.12.2015 10:59 | KumanovoNews

Мобилен даночен шалтер од Управата за јавни приходи утре ќе ја посети општината Старо Нагоричане.

Мобилен даночен шалтер утре во Старо Нагоричане

Пред општинската зграда мобилниот даночен шалтер ќе биде поставен од 10 до 14 часот.

Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања, како и да ги подигнат сите документи што ги издава УЈП.

Со трите специјално опремени комбиња, даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде УЈП нема постојани даночни канцеларии, како и локации кои дополнително можат да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното населиние и бизниси.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk