Мобилен систем за снимање со камери на Табановце

22.07.2016 07:56 | KumanovoNews

На Граничниот премин Табановце денеска ќе биде презентиран проектот „Мобилен систем за снимање со камери“ при што ќе бидат делени едукативни материјали – летоци за запознавање на учесниците во сообраќајот за начинот на функционирање и за целите на проектот.

Мобилен систем за снимање со камери на Табановце

На презентацијата ќе присуствуваат министерот за внатрешни работи Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Стојче Стаменковски.

На презентацијата ќе биде означен и почетокот на превентивната акција за делење едукативни материјали за влијанието на заморот и брзото возење на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk