Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во лапидариумот на НУ Музеј Куманово утре во 20 часот ќе се одржи модна ревија насловена како „Матурска рапсодија“ на м-р Анита Стојчевски.
Ревијата се организира по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на музеи - 18 Мај и актуелните матурски прослави во овој период од годината.
„За ревијата се обезбедени околу 50 - тина модели на матурски фустани и комплети, и тоа почнувајќи од 60-те години и до денес. Дел од нив се од Етнолошката збирка на народни носии и ткаеници, а дел се обезбедени од наши сограѓани кои ги сочувале до денешен ден“, изјави м-р Анита Стојчевски,вработена во Музеј Куманово.
Од идеја до реализација на ревијата поминала една година, период во кој се вршени истражувања за тоа како се одвивале матурските прослави во минатото, со акцент на тоа што било тренд и модерно за матурантите.
На ревијата ќе учествуваат 30-тина ученици од средните училишта во градот. За целокупниот изглед се грижат и средуваат самите учесници. Организацијата е обемна, ќе се обезбеди и светлечко шоу за се да изгледа достоинствено и привлечно- велат организаторите.
Целиот проект го финансира Министерството за култура на Македонија.
(Фото:„Модните трендови и културата на живеењето од ала-франга до современата мода" се одржа во 2014 година во дворот на НУ Музеј - Куманово )
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk