Модни додатоци запленети на Табановце

09.11.2015 14:12 | KumanovoNews

Минатата недела 61 парче  женски модни додатоци се откриени на граничниот премин Табановце.

Модни додатоци запленети на Табановце

Се работи за чанти, паричници и ремени, откриени при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Модните додатоци се пронајдени во багажникот на возилото и истите се привремено задржани, а против возачот е поведена соодветна постапка.

На Табановце минатата недела во одвоени случаи се запленети девизи и цигари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk