Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Истражувањето на Националниот Ромски центар од Куманово во рамки на проектот „Ајде да зборуваме, моето здравје е мое право“, покажува дека и покрај достапноста на здравствени установи се уште има жени кои воопшто не се јавуваат кај лекар.
Ова особено е изразено кај жените од ромската популација, кои немаат навика да одат на гинеколошки прегледи доколку за тоа немаат потреба.
– Жените, генерално, а посебно Ромките воопшто не одат на лекар превентивно и не ги знаат своите права. Поради обемните административни процедури при посета на лекар, здравствените работници не можат доволно да им обрнат внимание за да ги информираат што треба да преземат за зачувување на здравјето. Системот треба да се поедностави за да можат општите лекари и гинеколози суштински да се посветат на пациентите, - изјави координаторот на проектот, Себихана Скендеровска.
Истражувањето било спроведено во декември минатата година меѓу 120 испитанички од Куманово и Кочани и матични лекари и гинеколози од двата града, а покажуваат дека најчесто жените од сите етнички заедници посетуваат лекар само кога се болни.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk