Момче од Куманово починало откако паднало од хотелска тераса во Тирана

11.09.2021 20:44 | Сузана Николиќ

28-годишно момче од Македонија паднало од балкон на хотелот „Рогнер” во Тирана и починало, јави Топ чанел.

Момче од Куманово починало откако паднало од хотелска тераса во Тирана

Според истиот извор, станува збор за гостин во хотелот, кој во моментот кога се потпрел на металната ограда на балконот, таа се откачила и тој паднал.

„Првичните сознанија од истрагата потврдуваат дека металната ограда не била добро фиксирана и како последица на тоа момчето паднало од голема височина, односно од петтиот кат на хотелот. На местото каде што било паднато телото  била и металната ограда. Истрагата продолжува“, се наведува во полициското соопштение.

Момчето веднаш било пренесено во болница, каде им подлегнало на повредите.

Дел од албанските медиуми наведуваат дека станува збор за момче од Куманово, кое во Тирана допатувало на неколкудневен одмор од Швајцарија.

(МИА)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk