Момче од Куманово успешен спортист и фото модел во Германија

22.12.2019 10:49 | KumanovoNews

Талентирано момче од Куманово, кое со своето семејството живее во Дортмунд, Германија, постигнува извонредни спортски резултати на локални и државни натпревари, а за неговите успеси пишуваат и германските весници.

Момче од Куманово успешен спортист и фото модел во Германија

Алек Роберт (12), ученик во петто одделение тренира гимнастика и пливање, а во слободно време е фото модел и актер во неколку модни агенции во Берлин, како и во телевизиски продукции. Тој е вистински пример кога нешто искрено се сака дека може да се постигне независно каде си.

„Ние веќе две ипол години живееме во Германија, а Алек уште од мал е посветен на спорт. Во Куманово 5 години беше член на танцовиот клуб Динамик, а со преселбата во Германија започна да тренира гимнастика. Се зачлени во еден клуб во Дортмунд, и брзо успеа да се најде помеѓу првите и најуспешните деца. Редовно учествува на сите натпревари и има освоено повеќе награди и медали. Но, тоа не е единствениот спорт кој што го интересира и во кој е меѓу подобрите. Тој е одличен пливач кој летово се здоби со прво место на клупски натпревар и второ место на државен натпревар“, - вели неговата мајка Бранка.

За успесите на талетираниот млед спортист и за неговата екипа неодамна пишувале и германските весници. Во текстот се наведува дека младите гимнастичари успеале да постигнат врвни резултати, први и втори места во индивидуалните и екипните спортови, како најмлади учесници на натпреварувањето, додека нивните тренери се презадоволни од нивниот пласман.

Родителите на Алек се горди на нивното дете и апелираат до сите родители да дадат максимална поддршка на своите деца во спортскиот и уметничкиот развој. Можностите во Германија се далеку од оние што ги има во нашата земја, но само со голема посветеност и упорност може да се остварат зацртаните цели.

„Алек е свестрано дете и очекумаве дека наскоро ќе го видиме и како актер во детски филмови во Келн“, - се надева неговата мајка.

Ние му посакуваме многу среќа во остварување на неговите соништа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk