Момче од Ропаљце починало откако статива му паднала врз глава

14.10.2017 11:26 | KumanovoNews

Момче од липковското село Ропаљце починало на скопските клиники откако се здобило со сериозни повреди на главата, кога врз него паднала скршена статива од гол на фудбалско игралиште.

Момче од Ропаљце починало откако статива му паднала врз глава

Несреќата се случила вчера во 14 часот на стадион во скопското село Сарај, кога Б.С.(19) се фатил со рацете за стативата од голот, која се скршила. Момчето паднало, а врз неговата глава паднала стативата.

Повредениот со тешка повреда на главата, со приватно возило бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ во 14.30 часот, по што им подлегнал на повредите.

Случајот во полиција го пријавиле од болницата и се преземаат мерки за негово расчистување.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk