Момче паднало од напуштената зграда на поранешен „Житомел“

08.02.2020 18:51 | KumanovoNews

 Петнаесетгодишно момче од Куманово се здобило со тешки телесни повреди и пренесено е на лекување на клиниката „Мајка Тереза„ во Скопје, откако паднало од напуштента зграда на поранешната фабрика „Житомел“  во Куманово.

Момче паднало од напуштената зграда на поранешен „Житомел“

Од СВР Куманово за Кумановоњус велат дека несреќата кај нив е пријавена околу 15 часот, а повреденото момче е  Е.С. родено 2005 година.

Со повеќе детали за случајот ќе излезат во текот на утрешниот ден.

 Имотот на поранешниот мелнички комбинат „Житомел“ со години е напуштен и незаштитен, откако фабриката се затвори поради матната приватизација. Во објектите често се подметнува пожар, а од нив е украдено се што можеше да се изнесе и откорне.  Останаа само распадната ѕидови, поради што со години наназад е сврталиште на бездомници и корисници на дрога.

Граѓаните и поранешните вработени повеќепати бараа државата да го заштити имотот на овој некогашен гигант, но безуспешно.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk