Момче прободено во стомакот, во масовна тепачка

03.01.2019 14:03 | KumanovoNews

Едно лице се здобило со сериозни повреди и е пренесено во Кумановската болница, во масовна тепачка во липковско.

Момче прободено во стомакот, во масовна тепачка

Крвавата тепачка се случила синоќа околу 20,40 часот во село Оризари, во која учествувале повеќе лица. При тоа на С.К.(23) од село Оризари, со остар предмет, му била нанесена убодна рана во пределот на стомакот, по што истиот бил пренесен во Општа болница Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk