Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Љуман М.(21) од село Слупчане, синоќа загинал во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово - Липково, откако со автомобил удрил во објект покрај патот.
Несреќата се случила околу 19 часот, во близина на селските гробишта кај село Оризаре, кога момчето управувајќи со автомобил „форд пума„ изгубило контрола на возилото и поминал на левата страна од коловозната лента. Автомобилот удрил во објект покрај патот. Од силината на ударот Љуман се здобил со фатални повреди и починал на лице место. Лекар од Брзата помош во Куманово само ја констатирал смртта кај момчето.
(фото архива)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk