Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа што попладнево се случила на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка на м.в. Смиљчинци во селото Младо Нагоричане,откако голф удрил во дрво.
Во сообраќајката животот го загубил Давор П.(23) од Старо Нагоричане, а М.С.(28) од Куманово се здобил со сериозни повреди, поради што е пренесен во Ургентен центар Скопје.
Според првичните полициски информации, несреќата се случила во 18.30 часот, кога голф со кумановски регистарски таблички излетал од патот и удрил во дрво.
Увид на лице место вршат полициско-судски екипи кои треба да ги утврдат причините за несреќата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk