Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Три часа траеше вадењето на безживотното тело на шестгодишното дете, кое почина од повреди задобиени во лифт.
Очевидци кажуваат дека, пожарникарите и мајсторите на лифт службата, никако не можеле да ја отворат вратата на лифтот, па на крајот ја скршиле со хебла за да го ослободат телото.
Лекар од Брза помош потврди дека детето починало како последица на повреди на главата.
Соседите велат дека заштитната врата на лифтот била расипана, па претпоставуваат дека лифтот му ја потфатил раката, и го повлекол детето, а задобиените повреди биле фатални.
Од МВР соопштија дека несреќата се случила во 11.40 часот, кога од непознати причини лифт потфатил дете родено 2010 година, кое починало на лице место.
Телото е дадено на обдукција, а истрагата ќе покаже кои биле причините за големата трагедија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk