Момчиња фрлиле димна бомба во кафуле на Градскиот кеј

06.09.2010 14:33 | KumanovoNews

 Во сабота  навечер малолетници фрлиле пиротехничко сретство т.н.топовски удар  во кафулето на Градскиот кеј.

Момчиња фрлиле димна бомба во кафуле на Градскиот кеј

 Инцидентот се случил околу 21 часот кога двесетина пијани тинејџери кои го следеле кошаркарски натпревар Србија-Хрватска почнале гласно да навиваат и да ги попречуваат другите посетители да ја следат кошарката. Вработените го исклучиле телевизорот и кога еден од нив отишол да ги замоли да се смират, момчињата го нападнале и почнале физички да се пресметуваат со него. При тоа со тупаници му го скршиле носот, а колегата кој му притрчал да му помогне се здобил со полесни повреди по главата . Двајцата завршиле во болница. Насилниците кога го напуштале објектот фрлиле димна бомба во саксија со цвеќа. Од чадот кој што почнал да се шири во објектот  настанала општа мешаница. Била повика полицијата која работи на расчистување на случајот и откривање на сторителите.

                                                                                                    К.К.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk