Момчиња од Ваксинце нападнале и ограбиле таксист

29.04.2013 15:06 | KumanovoNews

Тројца тинејџери од село Ваксинце нападнале и ограбиле таксист во селото Лојане.

Момчиња од Ваксинце нападнале и ограбиле таксист

Љ.Р.(16), Р.С.(16) и А.Б.(15) пред десетина дена се качиле во такси возило “голф“ кај хотел Кристал. Побарале таксистот А.И.(33) од Куманово да ги превезе до Лојане, а кога стигнале таму Љ.Р. го фатил  таксистот за врат и со електрошок направа му нанел повреди. Другите две момчиња од џебовите на таксистот и од возилото одзеле 1750 денари.

Истражен судија на сторителите им одреди мерка притвор од 30 дена, и тие ќе одговараат за “разбојништво“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk