Монопол доби ново раководство

11.05.2012 15:14 | KumanovoNews

Откако ќе се утврди фактичката состојба во комбинатот, Владата ќе  бара стратешки партнер кој ќе ја рестартира фабриката.

Монопол доби ново раководство

 Акционерите на Тутунскиот комбинат Куманово, денеска на акционерско собрание избраа нови членови на одборот на директори, откако предходно ги разрешија оние што биле поставени од Бајруш Сејдиу. 

Седумина директори предложени од Владата, поточно од Агенцијата за управување со одземен имот, добиле 99 насто подршка од акционерите, да ги решат натрпаните проблеми и да го подигнат комбинатот на здрави нозе.

Ова значи чекор напред во решавањето на проблемите во Тутунскиот комбинат. Откако ќе се утврди фактичката состојба, ќе се бара стратешки партнер кој ќе ја рестартира фабриката и ќе ги врати работниците на работа- велат претставник на акционерите.

За рестартирање на комбинатот е заинтересирана фирмата Штајнберг зад која стојат инвестициски фондови од Австрија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk