„Мooi“ - Естетик центар кој не престанува да ги изненадува и радува дамите (видео)

22.01.2024 13:28 | KumanovoNews

Козметичкиот салон "Мooi - Естетик центар" во Куманово секогаш е достапен за секоја дама, која сака да биде негувана и да помине квалитетно време од денот, а пред да се чувствува прекрасно во сопствената кожа.

„Мooi“ - Естетик центар кој не престанува да ги изненадува и радува дамите (видео)

Сите прекрасни жени во салонот можат да уживаат во најквалитетни козметички услуги како маникир, педикир, третмани на лице, масажа на тело, шминка, депилација, но и современа и безболна технологија за слабеење, топење на масните налаги и реобликување на телото.  

Салонот располага со стручен тим, кој постојано се едуцира и надоградува со посета на семинари во нашата држава и надвор од границите.

Нудиме широка палета на услуги и ветуваме посветеност, одговорност и резултати.

Располагаме со нови третмани за лице со користење на корејска козметика коja дава видливи резултати и мадеро терапија, која помага во борбата со здодевниот целулит. 

Тимот на „Mooi“  е во тек со сите светски трендови за нега и убавина на жената, а една од техниките која особено е актуелна во зимскиот период е Мадеро терапија - посебен облик на антицелулитна масажа која се изведува со дрвени ролери, анатомски дизајнирани токму за таа намена.

Оваа масажа се препорачува за намалување на масните наслаги и целулитот, а посебно ефикасна е во намалување на обемот во пределот на колковите и бутовите, како и за затегнување и обликување на нозете и задникот. Резултатите од мадеро терапијата се забележуваат многу побрзо во однос на класичната антицелулитна масажа, бидејќи ја затегнува и измазнува кожата. 


1.   Шминка и третмани за лице: 

Дозволете си да блеснете за секоја посебна пригода со уникатна шминка која ќе ви даде доплнителна елеганција и ќе ви пружи вистински комфор во сопствената кожа. 


2.   Маникир: 

Нема ништо попривлечно од негувани раце на една жена кои зборуваат многу за нејзината грижа за себе си. Совршениот маникир ви ја овозможува посакувана нега. 


3.   Педикир и мадеро терапија:
 
Подарете си кралски третман со нашиот педикир за нега и убавина на вашите стапала! Нашето стручно лице ќе ви обезбеди не само убавина, туку и целосна релаксација со врвни производи и техники. 


4.    Мадеро терапија: 

Оваа уникатна терапија нуди брзи и видливи резултати во борбата против целулитот, обезбедувајќи  затегнато и совршено обликувано тело. Дозволете ни да ви помогнеме да се чувствувате убави и самоуверени со тело што зрачи со здравје и виталност!


5.   Депилација и BHS третмани:

Заборавете на несаканите влакна и уживајте во нежна и свиленкаста кожа секој ден. BHS ендермологијата е технологија која што преку континуирана вакум сукција со дерморолери врши извлекување на длабокиот целулит на површината на кожата и разбивање на масните наслаги. Дерморолерите овозможуваат контролирана мобилизација на длабоките ткива, стимулација на микроциркулацијата и лимфната дренажа и елиминацијата на вишокот масно ткиво од организмот.

Магдалена -  медицинско лице и професионален шминкер. Таа на вашата кожа ќе и го овозможи потребниот сјај со единствените третмани за лице, а со своите уметнички раце ќе ве претвори во мета на воздишки за секоја прилика.  

Андријана -  професионален козметичар во областа за изработка на нокти.  Нуди квалитет, прецизност, професионалност и прекрасна позитивна енергија. Постојано се едуцира со посета на обуки и следење на сите новитети и техники. 

Моника -  најдобар козметичар во областа на педикир, медицински педикир, и мадеро третмани. Секогаш е посветена и детална, а квалитетот е загарантиран. 

Наталиja  – работи депилација и Bhs третмани со најсовремена опрема. Врвен козметичар со завршена обука за работа на најсовремената апаратура, кои даваат резултати уште со првиот третман. Вашата кожа го заслужува тоа. 

Александра Бојковска-Димковска - едукатор, управител и менаџер на салонот. Има поминато бројни обуки и едукации, се здобила со награди за изработка на секакви техники за нокти. Таа е вистински уметник кој може да направи ремек дело на толку мала површина. Скромна и амбициозна жена која обединува врвни професионалци и создала тим, кој го разубавува секојдневието на секоја дама. За оваа жена борец најважно е задоволството на секоја клиентка која излегува со насмевка од салонот.  Горда е на довербата која ја имаат толку многу жени во нејзиниот салон, за што сведочат и наградите и признанијата кои ги има добиено.  Посебно и се драги двете награди на регионален натпревар на козметичари. 

Салонот е модерен, елегантен и уреден само за вистински хедонисти, кои едвај чекаат да го посетат пак. Во него секогаш ќе ве пречека пријатна атмосфера, топол пијалак и време само за вас. 

Ние сме тука за вас, подготвени да ги надминеме вашите очекувања. Посетете не! 

Салонот „Mooi“ - Естетик центар се наоѓа на ул. Моша Пијаде бр. 218 во Куманово, а за сите дополнителни информации и термини можете да се обратите на телефонските броеви:  078/216 - 881 и 031/524 – 884.

(ПР текст)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk