Mостот во Довезенце ќе почека поправка

13.12.2013 09:27 | KumanovoNews

Мостот на реката Пчиња во селото Довезенце кој беше оштетен во големите поплави нема изгледи дека наскоро ќе се поправи.

Mостот во Довезенце ќе почека поправка

Иако жителите алармираат дека мостот може целосно да падне пред налетот водата и селото да остане одсечено од светот локалната самоуправа нема пари за негова реконструкција.

Градоначалникот Зоран Дамјановски вели дека штетите од полавите треба да ги покрие централната власт, но се покажало дека луѓето од Довезенце се заборавени. Тој направи споредба кога реката го оштетила мостот во Коинце, државата веднаш интервенирала и го поправила затоа што се наоѓа на територијата на Општина Старо Нагоричане, бидејќи локалната власт е на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Јасно ви е дека Општината е блокирана, и од кои причини. Беше предвидено да се интервенира на поправка на мостот, но останавме без пари. На 10 км по течението на Пчиња се наоѓа Коински мост кој исто така падна во поплавата, но тогаш државата го поправи. Дали се помалку вредни луѓето во Довезенце и зошто се прави таква дискриминација? - кажа градоначалникот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk