Мотивациски говор и промоција на книгите на Петров, Ведран и Ангеловска

25.06.2018 13:06 | KumanovoNews

Во фоаето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“  Куманово, утре во 19 часот ќе се одржи  промоција на дел од творештвото на мотивациските автори Коста Петров, Илина Ведран и Катерина Ангеловска.

Мотивациски говор и промоција на книгите на Петров, Ведран и Ангеловска

Коста Петров е  автор на книгите „Се гледаме на врвот“, „Стравот“, „Нашето последно кафе“ и „Никој не рече дека ќе биде лесно“, кои се продадени во над 30.000 примероци. За својот придонес во индустријата на настани и медиуми двапати се најде на листата на 30 највлијателни луѓе во својата дејност во Југоисточна Европа според „Kongres Magazine“.

Илина Ведран е инспирациски говорник, тренер за личен и професионален развој и првиот лиценциран тренер во Македонија по методата на Лујза Хеј. Автор е на две дела – инспиративниот водич за лична промена „Заврти нова страница во својот живот“ и книгата со афирмации „Јас сум љубов“.

Катерина Ангеловска, авторката на книгата „333 Афирмации“, е Амбасадор на позитивната мисла. Таа е прв сертифициран тренер за личен развој според програмата на Џек Кенфилд и мотивациски говорник, но и целосно е посветена на мотивирање и инспирирање на денешните генерации со цел да станат творци на својот живот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk