Мото-рок фест денеска на спортскиот аеродром Аџитепе

25.09.2021 07:10 | Сузана Николиќ

На спортскиот аеродром Аџитепе во Куманово, денеска ќе се оддржи Мото-рок Фест во организација на мото-клубот Мечки.

Мото-рок фест денеска на спортскиот аеродром Аџитепе

Настанот ќе започне во 15 часот со бесплатен ручек за сите гости, по што од 16 часот ќе следува музичка програма која ќе трае до 23 часот. 

„Желбата за дружење и уживање во рок звуците ни даде доволно енергија да ги направиме сите подготовки за да продолжиме“, порачуваат организаторите на фестивалот.

Бендовите кои се вклучени во музичката програма на овогодинешниот Мото-рок фест вбројуваат некои од најзвучните имиња на македонската рок-сцена, меѓу кои Radiostage, Syndicate, Why Not Band и култните Суперхикс.

Влезот за настанот е бесплатен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk