„Мото рок фест“ со богата програма на 13 и 14 јуни на Аџи Тепе

14.04.2025 13:30 | KumanovoNews

Мото- рок фестивалот“ во Куманово е закажан за 13 и 14 јуни на спортскиот аеродром Аџи Тепе.

„Мото рок фест“ со богата програма на 13 и 14 јуни на Аџи Тепе

Фестивалот се наметна како квалитетна урбана рок забава, која трае два дена, со атрактивна програма и забава за сите генерации.

На отворањето ќе настапат: „Лектира“, „Паркети“ и локалниот „Д Солушн“- сите од Македонија и групата „Д Хутен халерс“ од САД. Во сабота навечер се најавуваат македонската група „Оверлоуд“, „РИФ бенд“ Србија, „Стрингси“ БиХ, „Деца из воде ЕКВ“ и Срѓан Жика Тодоровиќ од Србија.

Манифестацијата ќе се одржи по 17-пат, а секој година е се посетена не само од Куманово, туку и од регионот.  Организатор на фестивалот е Мото клубот „Мечки“ од Куманово, со поддршка Фондацијата за култура и спорт. Општина Куманово издвојува 900.000 денари за Мото рок фестот.

  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk