Мотоциклист од Куманово тешко повреден на патот Кичево – Струга

21.08.2023 13:00 | Жаклина Цветковска

А.А.(41) од Куманово бил тешко повреден во сообраќајна незгода што се случила  вчера на магистралниот пат Кичево-Струга.

Мотоциклист од Куманово тешко повреден на патот Кичево – Струга

Во СВР Охрид било пријавено дека на оваа делница  , во близина на с. Ново Село, кумановецот А.А кој  управувал мотоцикл „сузуки“ со германски национални ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Тој се здобил со  тешки телесни повреди,  констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“.

 Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk