Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановец е повреден на патот Куманово - Свети Николе откако паднал од мотор.
„Во полициската станица Свети Николе било пријавено дека на исклучок за Свети Николе мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Т.М.(39) од Куманово, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе“, соопшти МВР.
(фото. архива)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk