Мотоциклист повреден откако го удрил автомобил

19.03.2019 09:16 | KumanovoNews

Возач на мотор е повреден вчера кога во него удрил голф.

Мотоциклист повреден откако го удрил автомобил

Сообраќајната несреќа се случила во 11.10 часот на крстосница од улиците „11 Ноември“ и „Васил Главинов“ во Куманово, кога патничко возило „Голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(65) од село Липково, удрилo во мопед „Кавасаки“ со белгиски национални ознаки, управуван од А.А.(26) од село Челопек, кумановско и паркирано патничко возило „Ауди“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на Ф.М.(32) од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.А. на кој му била укажана помош во болницата во Куманово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk