Моторџија излетал од патот и тешко се повредил

05.06.2019 08:35 | KumanovoNews

Кумановец е тешко повреден и пренесен на лекување во Скопје, откако со мотор излетал од патот.

Моторџија излетал од патот и тешко се повредил

Несреќата се случила вечара во 17.30 часот, на локалниот пат с.Клечовце-с.Стрезовце, на место викано „Калиште“, општина Старо Нагоричане, кога мопед „Јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.К.(30) од Куманово, излетал од патот и  се здобил со тешки телесни повреди.

По укажаната лекарска помош во болницата во Куманово бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk