Моторџија повреден во сообраќајка

03.01.2019 10:12 | KumanovoNews

Едно лице е потешко повредено откако се судриле автомобил и мотор.

Моторџија повреден во сообраќајка

Несреќата се случила завчера во 21,05 часот кога на крстосницата од улицата “100“ и улицата “146“, се помеѓу моторцикл „Априлиа“ со кумановски регистерски таблици, управуван од Ф.С.(22) од Куманово и патничко моторно возило „Форд Фокус“ со кумановски регистерски таблици, управувано од А.Б.(28) од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово.

Се работи на целосно расчистување на случајот. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk