Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Невработените лица до 34. години кои имаат завршено средно или високо образование имаат можност да аплицираат за мерката практиканство во приватни компании.
Од Агенцијата за вработување во Куманово велат дека оваа мерка ќе им помогне на невработените да се стекнат со практично искуство по што ќе станат конкурентни на пазарот на труд, а работодавачите ќе креираат кадар којшто им е неопходен за нивниот работен процес.
Лица кои што ќе се вклучат во оваа мерка добиваат месечен надомест бруто износ од 9.000 денари, а мерката е во времетраење од три месеци.
Според податоците на Центарот за вработување во Куманово, од вкупно 12.223 невработени лица кои што се активни баратели на работа, 3.546 се невработени до 34-годишна возраст.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk